Препознатливиот симбол на градот, Билјанините извори, деновиве пресушија.


-Станува збор за природна појава со оглед на слабите врнежи од дожд во изминатиот период, а очигледен показател за тоа е  и опаѓањето на нивото на Охридското Езеро, објаснува Ленче Локоска од Хидробиолошкиот завод Охрид.


Дел од водата од Билјанини извори се користи за потребите на МЈП „Проаква“, а дел за мрестилиштето при Хидробиолошкиот завод.

OhridNews