Судијата Муниз Фернандез е суспендиран два натпревари за слабата арбитража на дуелот од шестата рунда во Примера меѓу Елче и Реал Мадрид (1-2).
Арбитарот со знакот на ФИФА во судиското продолжение досуди крајно сомнителен пенал во корист за Реал Мадрид, кој Кристијано Роналдо го реализираше и донесе три бода за „кралевите“.
Со казната за судијата само се потврдува дека пеналот не бил регуларен и дека новајлијата во „Ла лига“ тимот на Елче е оштетен во натпреварот со гигантот.
Исто така пеналот досуден во последните секунди предизвика бура реакции на социјалните мрежи, па фудбалерот на Барселона, Пике се „спука“ со Арбеола член на „кралскиот клуб“.
Мх.П.