Поради физички напад врз судијата Зоран Бојанинов по второлигашкиот
натпревар Беласица – Влазними (3-2), теренот во Струмица е суспендиран.


Струмичкиот второлигаш е предаден пред дисциплинците. По средбата во
поттрибинскиот простор на стадионот „Младост“, неслужбено лице го удрило
помошник-судијата, поради што комесарот за натпревари во ФФМ ја изрече
мерката суспензија.

Второлигашот Влазерими остана без освоениот
бод на зелениот терен против Локомотива (2-2) поради настапот на Имер
Демири за тимот од Кичево со ненаполнети 16 години на денот на
одигрувањето на првенствениот натпревар (8 мај).

Ohridnews