Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спирковски по завршувањето на двата полуфинални натпревари од Купот на Македонија ги донесе следните одлуки:

1. Се суспендира теренот на ФК “Напредок” – Кичево поради физички напад над гостински фудбалер при влезот во службените простории од страна на неслужбени лица, а по пријава од делегатот и дополнителните извештаи и се предава на дисциплинскиот комесар за натамошна постапка, а во врска со член член 59 став 2 од Правилникот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија како и член 27 од Пропозициите за натпреварување во Првата лига за 2010/2011 година.


2. На дисциплинскиот комесар се предава ФК “Напредок” – Кичево поради уфрлање на пластични шишиња од страна на публиката во теренот, при што едно шише го погоди Жикица Тасевски шеф на стручниот штаб на ФК “Металург” – Скопје, а едно шише го погоди лекарот Димитровски Дарко.

3. Кралевски Игор со рег. бр. 10 фудбалер на ФК “Металург” – Скопје се предава на дисциплинскиот комесар поради тоа што по завршување на натпреварот при упатување кон соблекувалните со погрдни зборови се обрати кон фудбалерот на ФК “Напредок” – Кичево Најдоски Филип со што се предизвика инцидент кој што органите на МВР успеаа да го приведат до крај.


4. Најдоски Филип со рег. бр. 20 фудбалер на ФК “Напредок” – Кичево се предава на дисциплинскиот комесар поради удирање на фудбалерот Кралевски Игор со рег. бр. 10 фудбалер на ФК “Металург” – Скопје, по завршување на натпреварот.

извор ФФМ
фото “Нова Македонија“
Ohridnews