Поранешниот светски шампиони, Тајсон Геј, доби едногодишна суспензија, откако беше позитивен на допинг тестот, објави Американската анти допинг агенција.

Некогашниот рекордер на 100 метри, минатата година низ солзи призна дека паднал на допинг тестот, но дека вината не е негова. – „Практично јас му верував на некого и таа личност ме изневери“, рекол Геј.
Геј можел да добие и двегодишна суспензија, но казната му била намалена бидејќи активно помагал во истрагата. Геј на атлетските патеки ќе се врати во јуни оваа година.
„Макфакс“











