МВР суспендира нови 15 припадници, кои на 27 април не дејствувале професионално  за време на нападите врз пратениците во Собранието. Меѓу нив е и помошник-министерот ангажиран за телекомуникации, Небојша Стајковиќ, кој ќе сноси одговорноста за нефунцкионирањето на тетра-системот за снимање на командите во главните управи во МВР, како што се УБК, Бирото за јавна безбедност и шесттата управа, јавува „Макфакс“.

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, неодамна за Алсат М најави целосна истрага зошто уште до 2014 година не работел т.н. тетра-систем за регистрација на командите. 

Истата телевизија објави дека Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност нема да ја дочека одлуката за негово разрешување што е во владина постапка, туку одлучил да замине од оваа институција. Според АлсатМ,Чавков зел годишен одмор, а во меѓувреме побарал да му се прекине договорот за работа, кој му завршува кон крајот на јули со можност за продолжување на уште една година.

Чавков освен што го прекинува работниот однос, ги собрал личните работи од неговата канцеларија. Тој беше директор на Бирото за јавна безбедност, а вечерта на 27 април кога брутално беа истепани пратениците на новото парламентарно мнозинство беше и шеф на оперативниот штаб

OhridNews
извор: „Макфакс“