Судскиот совет донесе одлука да ги суспендира од работа судиите и службените лица кои вчера беа приведени во полициска акција под сомнение за несовесно работење и злоупотреба н службата.
„Телма“ пренесува дека Советот досега неколку пати барал мислење од судиите зошто им застаруваат предметите, но секогаш следувал истиот одговор дека кај нив вина нема.
Во текот на вчераниот ден Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на оперативната обработка „Јустициа“, поднесе кривична пријава против 14 судии вработени во Одделението за прекршоци при Основниот суд Скопје I, како и против 11 судски службеници од истиот суд.
Инаку, во 2012 и во првото тромесечје од 2013 година, пријавените постапувајќи по прекршочни предмети кои биле примени во судот во текот на 2010 година, го оштетите државниот Буџет за 1 308 515 евра за ненаплатена пресудена глоба, односно за 3 773 500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал за околу 8.000 застарени предмети.
OhridNews