Далчески директен црвен картон доби на мечот против Силекс во 12-то коло од првата македонска фудбалска лига. Поранешниот фудбалер на Охрид 2004 веќе паузираше еден натпревар во првенството против Шкендија.
Тој ќе ги пропушти уште мечевите со Хоризонт Турново, Брегалница, Работнички во шампионатот и дуелот со Шкендија во 1/4 финалето во Купот на Македонија. Тетовчани имаат предност од 1-0 по првиот натпревар одигран под Шара.
Повратните мечеви од четвртфиналето се закажани за в среда на 21 ноември.