За време на владеењето на императорот Јулијан Отстапник бил извршен страшен прогон на христијаните. Пред ваквата опасност од Никеја во Тивериопол (денешна Струмица) побегнале епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј. Епископот Теодор бил и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година.

Кога градот бил нападнат и разурнат од Аварите и гробовите на 15 свештеномаченици тивериополски биле затрупани за подолго време. Но подоцна светите мошти на овие маченици биле откопани и погребани во новоизградената црква подигната во нивна чест во градот Брегалница (за кој науката се уште не знае каде се наоѓал). Од сите краишта на Македонија но и пошироко народот доаѓал кај светите мошти на мачениците и барал помош. Подоцна овој град доживеал катаклизма и бил срамнет со земја, а настрадале и светите мошти на овие маченици. Останала само една рака за која се претпоставувало дека е на Петар. која што направила многу чуда и излечила многу болни.
По Балканските војни, во 1913 година некој грк раката ја однел во Кукуш. Во Струмица останал само споменот на светите 15 свештеномаченици кој нашиот народ го празнува на денешен ден.
OhridNews











