Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимски, а на 15-ти мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен.
Св. Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Св. Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.
Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години. По поразот на Никејскиот собир ариевците се обиделе да се вратат во црквите и често го клеветеле Св. Атанасиј кај царот поради што тој четири пати бил протеруван во прогонство и во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 15 мај 373 година.
Извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ ќе се изврши во понеделник, 27 октомври, во 1...
По успешниот старт на новата сезона во Првата лига – мажи, кошаркарите на ГКК Охрид денес го играат својот прв домашен натпревар во сезоната! Во рамките на 2 коло, охриѓани ќе го пречекаат тимот на...
Премиера на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски ќе се одржи денес во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св Апостол Павле“), во големиот амфитеатар ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.