
-Езерската полиција излезе со 2 патролни чамци, исто и Капетанија која го ангажираше бродот „Галеб“ во кој имаше уште една полициска екипа, а информирана беше и албанската страна која изврши термо снимање на езерото. Двете момчиња немале мобилен телефон ниту некаков друг уред за сигланизација.-изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Драмата завршила околу 4.10 часот утрото кога момчињата по 8-часовна борба со разбеснетото езеро успеале да го насочат чамецот кон копно кај црквата Св. Бородица Заумска. Набрзо потоа биле згрижени од спасувачките екипи.
За кус период ова е втор пат да биде организирана голема спасувачка акција на Охридското Езеро. Во мај спасувачите трагаа по четворица унгарски авантуристи кои со чамец непријавени го крстареа Охридското Езеро. За среќа и тој случај имаше добар крај.











