Промовирајќи ја одлуката за прогласување на патрон/заштитник на Свети Наум на Љубанишко-Светинаумовиот крај, и програмските содржини и активности во чест на големиот светилник, членовите на Здружението „Љубители на љубанишко-светинаумовиот крај“ жителите, граѓани и гости, на денот на упокојувањето на Свети Наум, 5-ти јануари, организираа скромно одбележување, што беше означено како почеток на нова традиција во чест на големиот светец, учител, просветител, научник, дипломат и чудотворец.
Свеченото одбележување и програмскиот активитет е поддржано од градоначалникот на општина Охрид и поздравено од претседателот на Советот на општина Охрид.
За одбележување е присуството на гости духовни поддржатели од соседна Албанија, кои го вознесуваат култот на великиот Свети Наум.
Програмските активности поврзани со животот и творештвото на Свети Наум, за 2011 година ќе се вклопат во Програмата на Република Македонија за одбележување на Илјада и сто годишнината од смртта на Свети Наум, информираат од здружението „Љубители на љубанишко-светинаумовиот крај“.
Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на ј...
Во издавачката програма на „Струшките вечери на поезијата“ од печат излезе панорамата на македонската винска поезија „Дионис и Свети Трифун“ која ја приреди Славе Ѓорѓо Димоски и на фестивалот имаш...
По повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“, бродовите Александрија 1 и 2 во сабота 20-ти септември, вечерта ќе пловат до манастирот во Калишта по с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.