Вредната западна страна на катедралната црква Св. Софија, препознатлив белег на градот и нашата црква и вера, се повеќе го губи својот сјај поради несфатливиот однос кој кон ова скапоцено културно наследство го имаат одговорните институции и граѓаните. Најдобра илустрација за тоа се овие фотографии направени деновиве. Незаштитениот двор на црквата е претворен во паркиралиште, а наоколу се расфрлани купишта ѓубре. Тука секојдневно поминуваат туристи, кои ја гледаат ваквата слика.


Св. Софија не заслужува ваков однос

Црквата Света Софија која е подигната во 11 век, денеска е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија. Во неа се наоѓаат вредни фрески и икони и е од посебно значење за Македонската православна црква и верниците.

OhridNews