– Многу ни е драго што МНТ е тука на „Охридско лето“, најголемиот фестивал од тој вид во Македонија и во регионот и што во рамки на МНТ продолжуваме со тенденцијата на враќање на класиката односно убавиот збор, вистинските вредности, дела во театарот, значи малку да се подигне нивото на театарот во Македонија воопшто, рече директорот на МНТ Дејан Лилиќ, по повод премиерата на претатавата „Свадбата на Фигаро“.
Публиката во преполното гледалиште уживеша во изведбата на извонредната актерска екипа, занемарувајќи ги малите импровизации и ситни организациски пропусти, а прекрасната театарска вечер на моменти беше нарушена од силната музика која ечи од сите страни на Охрид.
фото: Емилио