Новата театарска сезона охридскиот Народен театар ќе ја започне на 29 септември, со претставата Свадбата на „Итар Пејо“ од Бранислав Димитров, а во режија на Деан Дамјановски.

Улогите во претставата  ги толкуваат : Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ и Билјана Билаловиќ.

Почеток на претставата е во 20 часот, а цената на билетот е 100 денари.

OhridNews