На првиот училишен ден возбудени и среќни беа и првачињата од ОУ „Св. Климент Охридски“ на кои овој ден ќе им остане засекогаш во нивните сеќавања како ден кога првпат заиграле, нацртале и обоиле, а најважно од сè се дружеле со своите врсници во училишниот двор. Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. Низ низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце. Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен печат во училиштето од првиот училиштен ден.
Програмата која ја подготвија четвртооделенците со нивните наставнички Валентина Кузманоска и Виолета Илиевска, ја помогнаа и наставниците Павлина Климеска, Катерина Пецакова и Бобан Гаврилоски, а ја збогатија „Распеаните ѓерданчиња“ членови на КУД Ѓердан- ученици во ОУ „Св. Климент Охридски„ Охрид.
Свечениот прием на првачињата во ОУ „Братство и единство“ помина во духот на мултикултурализмот и меѓуетничката интеграција. Во централната зграда на училиштето, се одржа свечен прием на првачињата од трите наставни јазици.
Првачињата имаа можност да ја проследат мултиетничката приредба, а топло добредојде им посака директорот на училиштето Муамер Доко.
OhridNews