Вечерва со почеток од 19:00 часот на малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Свечена академија по повод 82 годишнината од ослободувањето на Охрид. Предвидено е обраќање на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и музичко-сценски перформанс.

Денес ќе биде положено и свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ кај Градските гробишта, Градскиот парк пред Основниот суд во Охрид и во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.
Со Свечена приредба ќе биде одбележан и патрониот празник на градинката „Јасна Ристеска“ во СРЦ „Билајнини извори“, ќе биде промовирана стихозбирката „Шепотот на езерото“ од Стефанија Бакулеска, а во Младински центар во Охрид ќе биде промовирана самостојната изложба „Охрид во моето срце низ очите на татко и син“ од фотографот Петар Паунче- Скитник.
За најмладите од 20 часот ќе биде одржана интерактивна работилница „Охрид низ детските очи“ во Охрид мол.
OhridNews















