Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 6-ти октомври, сабота, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ и Архиепископскиот црковно-народен собор, во манастирот Св.Климент и Св.Пантелејмон Плаошник во 17:15 часот ќе се служи молебен канон на Св. Климент Охридски, а во 18:15 во катедралната црква Св.Софија, свечена духовна академија.
На 07. Октомври 2018 година (недела), во катедралниот храм Света Софија, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. На овој ден богослужба ќе има само во црквата Св. Софија- Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.
OhridNews












