Свечена литија со моштите на св. Георгиј Победоносец ќе се одржи во сабота во Струга.  Литијата ќе започне по завршувањето на вечерната богослужба во соборниот храм Св. Георгиј во 16 часот.


Литијата ќе биде предводена од митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, свештенството при црквата „Св. Велокомаченик Георгиј Победоносец“, монашкото братство од Бигорскиот манастир „Свети Јован Кртител“ и сестринството од манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Рајчица.


По завршувањето на свечената литија во 19 часот  во хотелот „Дрим“, ќе се одржи трибина на тема „Младите и Библијата“, на која излагање ќе има митрополит Тимотеј.

OhridNews