Дебарско-кичевската епархија ги информира верниците дека утре, 4- ти февруари, со почеток во 9 часот, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“.

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

OhridNews