Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 27 октомври, сабота, во манастирот „Света Петка“, село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот на „Преподобна Параскева – Петковден“.

Литургијата ќе започне во 9 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

OhridNews