Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека утре, 31 јануари, со почеток во 8.30 часот, во црквата „Свети Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Свети Атанасиј Велики“.

На 4 февруари, вторник, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Не-говото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

OhridNews