Во Факултетот за туризам и угостителство, денес, на 95 дипломирани студенти од прв циклус и шест од втор циклус, свечено им беа доделени дипломите. Деканот на ФТУ, проф. д-р Цветко Андреески, на студентите им го честита дипломирањето и им посака понатамошни успеси. Информира дека најдобриот студент е со просек 9, 91, а голем број од студентите имаат просек и над 9.

Андреески истакна дека во последниот период се бележи намалување на бројот на запишани и дипломирани студенти, како што смета, поради поголемата понуда на високо образовните институции, помалиот број на средношколци коишто го завршуваат образованието, како и тоа што голем број матуранти заминуваат во странство каде што имаат добри можности и пристап до стипендии.

Во рамки на на ФТУ во текот на академската година се одржуваат две промоции на дипломи- во месец мај и во декември.

OhridNews