Синоќа во Античкиот театар свечено беа доделени дипломите на уште една генерација матуранти од ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Пред бројните присутни, во името на локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, се обрати претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска.
„Сакам да ве уверам дека ова не треба да биде крајната цел во оформувањето на вашето образвание. Токму вие треба да сте главниот носечки столб на нашето општество и утре да бдидете едни од најуспешните правници, доктори, економисти и било која друга професија и да бидете рамо до рамо со успешните од целио свет. Да можете да се соочите со предизвиците што ги носи новото време. Кога стоете исправени пред една од најважните крстонсници во животот, кога треба да одлучите што понатака, ве охрабрувам никогаш да не запрете.“ – истакна Коњаноска.
Таа додаде дека македонското општество, во никој случај не смее да дозволи одлив на младите и перспективни кадри од земјава во странство.
„Не смееме да дозволиме и понатака младите масовно да се иселуваат од државава и тој тренд мора да исчезне. Вие младите со знаењето кое ќе го стекнет, користејќи го искуството од повозрасните, треба да го вложите целиот успех во нашата татковина.“ – додаде Коњаноска.
Директорот на ОСУ „Св. Климент Охридски“, Никола Тренески, изрази огромна благодарност до оваа генерација матуранти, која на државната матура постигна одличен успех со освоеното 4-то место на национално ниво.
„Матуранти, следбеници на Климента, кога пред 4 години дојдовте во нашето училиште, дојдовте да се стекнете со нови знања, кое не е цел, туку оружје во борбата со неукоста, ограниченоста, лагата, површноста. Во овие 4 години за кои не мислевте дека толку брзо ќе поминат, вие растевте созревавте, стекнувавте нови искуства, всушност вие го откривавте животот а тој, не беше секогаш лесен. Полн со успеси и падови, угорници и удолнини, но сепак единствен.“ – истакна Тренески.
Охридските матуранти од ова средно училиште, потенцираа дека дипломите претставуваат доказ за досегашниот успеси на оваа генерација средношколци.
„Не случајно се собравме тука, на ова место во очи на утрешниот ден, посветен на големиот свете и учител „Св. Климент“, кој воедно е и патрон на нашиот град. Со вас сме тука, да ја споделеме радоста на доделувањето дипломи, кои се доказ за нашите досегашни успеси. Традиционално секоја година на овој ден, не изостанува ниту крводарителската акција на Плаошник, организирана од страна на Црвениот крст од Охрид. Бидете хумани и да дарувајте крв, бидејќи секоја подарена капа може да значи живот.“ – изјави матурантите.
Инаку, настанот беше надополнет со музички дел, на кој настапија училишниот хор при ОСУ „Св. Климент Охридски“, неколку бендови и матуранти.
О.Т.