Утре, 9-ти август, со почеток во 20 часот, во дворот на гимназијата “Св.Климент Охридски” свечено ќе им бидат доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2017/2018.
Свеченоста ќе започне со изведба на Химната на Република Македонија од страна на ученичката Ирма Гогова, по што ќе следи презентација на класовите, обраќање на градоначалникот и директорот на гимназијата, а ќе бидат доделени и награди.
OhridNews












