
На отворањето на колонијата свое обраќање ќе има првиот претседател на државата, Киро Глигоров, кој ќе им посака убава работа на учесниците.
Во рамки на колонијата ќе творат уметниците: Анастас Костадини-Тасо од Албанија, Светлин Русев од Бугарија, Светлана Драгоевиќ од Црна Гора, Миодраг Д. Јелиќ од Србија, Еркан и Дениз Оздилек од Турција и Бернхард Холеман од Австрија и македонските сликари Данчо Ордев и Данчо Клчев, Петар Попчев, Павле Кузмановски, Горјан Ѓоргиев, Мирослав Масин, Стефан Хаџи Николов и Решат Амети. По завршувањето на колонијата ќе биде отпечатен каталог на англиски јазик, а делата ќе бидат претставени на изложба.
Целта на колонијата е да се зајакне регионалната соработка и да го покажеме убавото лице на Балканот. Колонијата е едно отворено ателје каде што уметниците се дружат и градат заедништво, зашто на уметноста и е непозната дневната политика. Ораганизирањето на оваа манифестациоја које ќе се одржува до 28 јуни е поддржано од Министерството за култура и од Амбасадата на Норвешка во Македонија.











