XIV Меѓународен славистички конгрес денеска свечено беше отворен во Охрид. На конгресот учествуваат над 600 слависти од 40 земји од светот.Единствено во Охрид нема да допатуваат славистите од Грција кои два пати уредно биле поканети.
„Свесни сме дека ниеден конгрес не може да даде конечни одговори на прашањата ниту на старите, некои кои сеуште се отворени, ниту на новите, оние кои новото време ги поставува на дневен ред. Но ние можеме како луѓе на науката, прифаќајќи ги новите сознанија и аргументи да се доближиме до вистината, да ги отстраниме во минатото напластените заблуди и предрасуди и тоа да го сториме како припадници на славистичката наука и на словенството кое поседува свои автохтони вредности, кои и денес и во највисоко развиениот свет се ценети и од кои тој свет има потреба на патот кон сеопштиот и вистински напредок на сето човештво“, истакна во своето поздравно обраќање академик Милан Ѓурчинов-претседател на организацискиот одбор на конгресот.
Учесниците на конгресот ги поздрави и претседателот на Р. Македонија, Бранко Црвенковски. Тој истакна дека одржувањето на овој голем и важен собир претствува исклучително признание на глобалната лингвистичка наука за значајноста на нашата улога и придонес меѓу словенските држави и воедно претставува указ на почит на придонесот и на македонската култура, духовност и јазик кон сесловенската писменост култура и духовност.
На Конгресот што ќе трае до 16 септември, за полноправни членки на Меѓународниот славистички комитет ќе бидат примени Турција, БиХ, Шпанија и НР Кина, а ќе биде организирана и изложба на преку 3000 научни дела од областа на славистиката кои ќе останат во трајна сопственост на Република Македонија.
Денес со почеток од 19:00 часот во Охрид Мол, како дел од детската програма на Општина Охрид за најмладите, Културата расте со децата „За сите деца“, драмското студио „ЦВЕТ 75“ ќе одигра две театар...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарк...
Во текот на седмата недела од 2026 година (09-15022026), во Македонија се пријавени 1150 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 11,9% помалку во споредба со претход...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.