На отворањето на фестивалот му претходеше и фолклорно дефиле низ улиците на Охрид.
Од Центарот за култура информираат дека поради променливото време и втората фестивалска вечер од фестивалот , наместо на традиционалната летна сцена “Долни Сарај” ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”, со почеток во 21 часот.
Вечерва, публиката ќе има можност да го проследи настапот на КУД “ИЛИНДЕН” од Велгошти, Ансамблот “ОСИЕК 1862” од Осиек – Хрватска и Ансамбл “АБАНТ ИЗЕТ БЕЈСАЛ” од Бејсал- Турција.