Со настап на оперската ѕвезда Дмитри Хворостовски, вечерва на Античкиот театар, започна 53-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на манифестацијата.
Годинава на фестивалот учество ќе земат уметници од 22 земји кои ќе настапат на сцените на Атичкиот театар „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и предворјата на хотелот „Палас“ и на ОУ „Климент Охридски“.
Во музичкиот дел вниманието го привлекуваат пијано дуото Корољеви, светски познатиот виолончелист Антонио Менезес, неповторливото виолинистичко име Немања Радуловиќ, а како посебна атракција се најавува настапот на гудачкиот квартет „Бонд“ на 27-ми јули на Античкиот театар.
Во драмскиот дел ќе бидат изведени 11 театарски претстави, од кои половината се премиери. Прватав театарска претстава на програмата е утре вечер (сабота) во предворјето на Св. Софија. Словенечкото народно гледалишче ќе ја изведе комедијата „Кога бев мртов“ од Ернст Лубич во режија на Диего Де Бреа.
Фестивалот Охридско лето завршува на 20-ти август.