На пригодна свеченост, денес, градоначалникот Кирил Пецаков, го потпиша договорот за кофинансирање на проекти во рамки на програмата „ЕУ за Општините“ и „Прекугранична соработка“.
Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“ кој е во вредност од 716.766,00 eвра, а партнери на проектот се Општина Воден од Грција и Стелар Солушнс од Скопје. Договори за соработка потпишаа 19 општини, од кои 8 општини во рамки на програмата „ЕУ за Општините“, а 11 општини во рамки на програмата за „Прекугранична соработка“, информираат од Општина Охрид.

OhridNews












