По повод нациналниот празник Илинден градежната компанија „АДОРА Инженеринг“ од Скопје, свечено ќе ја пушти во употреба новоизградената станбена зграда во комплексот Бејбунар во Охрид.
Објектот кој има препознатливата архитектура е првиот во Охрид изграден според најновите меѓународни стандарди за квалитет и енергетска ефиксност. Станбената зграда има 100-на висококвалитетни станови со прекрасен панорамски поглед на древниот град, во близина на Охридското Езеро и Националниот Парк Галичица. Зградата освен гарантираната асеизмичност, сигурност и цврстина, на станарите им штеди енергија и пари и ја заштитува животната средина, велат од компанијата.
Со пуштање во употреба на новата зграда во Охрид, започнуваат активностите со кои „АДОРА“ ја одбележува 10 годишнината од постоењето. Тие ќе бидат заокружени со пригодна свеченост што на 28-ми август ќе се одржи во Скопје.












