Во присуство на бројни гости, вчеравечер, беше пуштена во употреба „ Портата Вевчани“.

Црвената лента имаа чест да ја пресечат претседателот на македонското собрание Трајко Вељаноски, градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски и Ѓорѓи Угриноски, со чија донација беше изграден објектот.


Изградбата на „Порта Вевчани“  започна во месец март 2013 година. Објектот е во функција на зголемување на туристичката понуда на општина Вевчани.


Портата е осветлена со неколку канделабри, а соодветно осветлени ќе бидат и пешачките патеки, кои наскоро ќе бидат изградени и ќе водат од портата до  самото село.

OhridNews