Со свечена церемонија денес започна новата учебна година на Факултетот за туризам и угостителство. Пред новите студенти, професори и гости се обратија деканот на ФТУ и ректорот на унивезритетот Св. “Климент Охридски” – Битола. На студентите им посакаа успешна академска година и резултати.


– Традиционално, секоја година со пригодна свеченост  го одбележуваме првиот ден од учебната година. Сепак, не сакаме тоа само формално да го направиме, туку намерата ни е да ја искажеме сета наша почит кон новите студенти, рече деканот на ФТУ, Проф. д- р Сашо Коруноски.


Наша обврска е да ги поучеме младите да разбираат, а не само да ги меморираат знаењата кои им ги пренесуваат професорите, потенцира ректорот на универзитетот Св. Климент Охридски и додаде дека дипломираните студенти од оваа институција денес се успешни вработени во голем број фирми во земјава и во странство .


Како што беше денес истакнато, ФТУ е еден од најистакнатите членки и оснивачи на универзитетот.

Интересот за упис на ФТУ и годинава беше голем. Во новата учебна година наставата ќе ја следат околу 400 новозапишани студенти.


Утре ќе се одржи третиот уписен рок со кој се очекува да се пополнат и преостанатите педесеттина слободни места.  

Т. К.