„Затворање на 5-та по ред Меѓународна Летна Школа за Архитектура и дизајн во Охрид, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн на Универитетот Американ Колеџ Скопје и Отворање на изложба на Унгарски историски локалитети.“

Викендов, во Музејот Лапидариум во Охрид, свечено беше затворена 5-та, јубилејна Меѓународна Летна Школа за Архитектура и дизајн, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн на Универитетот Американ Колеџ Скопје.

Тема на годинешната школа на која учествуваа 20 студенти под  менторство на архитект Деан Лах од познатото љубљанско архитектонско студио „ЕНОТА“  е „Natural Systems“. Во работата учествуваа и архитект Јуриј Личен од  Љубљана, а во улога на гости на школата беа и визитинг професорите Крешимир Рогина и Винко Пенезиќ од Загреб.

Во присуство на студентите, менторите и други гости, Дипломите ги доделија проф. д-р  Мишко Ралев, декан на факултетот и Владимир Десков, директор на школата.

Во истата пригода, Амбасадата на Унгарија, отвори изложба под наслов „World Heritages Sites in Hungary”. Изложбата ја отвори д-р Марјан Бојаџиев почесен конзул на Унгарија во Охрид