Свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“ ќе се одржи во сабота во големата сала на Општина Охрид,

Во рамки на програмата предвидена е промоција на монографијата од Јордан Манасијески на која ќе се обратат историчарот на уметност Владо Ѓорески- Рафико и Љупчо Жупан од Галерија „Букефал“ како промотори.

Ќе се одржи и хуманитарно-продажна изложба на графики, како и културно-уметничка програма со настапи на гитаристот Дамјан Пејчиноски и охридскиот женски хор „Акордис“.

OhridNews