По повод 71 година од формирањето на батаљонот  „Мирче Ацев“ и Денот на Армијата на РМ, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебарца, организира свечено одбележување на 18 Август 2014 година (понеделник) на споменикот на Славеј Планина со почеток во 11.00 часот.

Пред историскиот паметник на Славеј планина делегации ќе положат свежо цвеќе, Поздравна реч ќе одржи потпретседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска, а пригодно обраќање за значењето на настанот, ќе има претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебарца, Гоце Георгиески.

OhridNews