Централната свеченост по повод повод 18 Август – Денот на АРМ, ќе се одржи денеска во Центарот за обука на вода во Охрид. 

На свеченоста ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, вице премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески, Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана, началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат Претседателот Ѓорѓе Иванов и Министерот за одбрана Зоран Јолевски.