На 22- ри септември, во големата сала на општинската зграда ќе се оддржи свечена прослава по повод Денот на пензионерите.
Пред присутните свое обраќање ќе има претседателот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, а ќе бидат доделени и признанија, благодарници и награди.
На свеченоста ќе се изврши и промоција на монографијата „Охридските пензионери низ времето“.












