По повод 108 годишнината од Илинденското востание и патронот на црквата Св.Илија, утре, во селото Плаќе ќе биде организирана пригодна прослава со богата културна забавна програма која ќе започне во 10 часот.

Во 10.30 ќе биде изведен импровизиран напад на селото од комитите, а ќе биде положено свежо цвеќе и историски час пред споменикот на паднатите борци.

Во рамките на прославата ќе биде пуштена во употреба и реновираната селска чешма.

Како што најавуваат од Локалната самоуправа, на прославата ќе присуствува и градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески.

OhridNews