Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и општина Дебрца по повод 72 години од формирањето на Првата Македонско- косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада, на 11 Ноември 1943 година во село Сливово и Патронатот на ОУ “Дебрца”, организираат низа активности.
Во рамки на одбележувањето, предвидено е положување цвеќе на споменикот во Сливово и пред спомен обележјето на паднатите борци во Белчишта, обраќање на претставник од Сојузот на борците, посета на ликовната колонија, како и свечена приредба по повод патрониот празник на основното училиште „ Дебрца“.
OhridNews