Света архиерејска литургија во храмот Света Софија на која ќе чиноначалствува Митрополитот Георгиј, во Лагадин црковно-народен собир
29.09.26 09:15
По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж утре во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Традиционално за празникот во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи црковно-народен собир. Црквата во Лагадин ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
Приведен е 44-годишен охриѓанец по сообраќајна незгода на улицата „15 Корпус“ Медицинските извори предупредуваат дека при ваква концентрација се сериозно нарушени расудувањето, координацијата и буд...
Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка По ...
Денеска, 15 ноември, се одбележува Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи посветен на загинатите и повредените на патиштата, како и на нивните семејства, чии животи трајно се м...