Света архиерејска литургија во храмот Света Софија на која ќе чиноначалствува Митрополитот Георгиј, во Лагадин црковно-народен собир
29.09.26 09:15
По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж утре во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Традиционално за празникот во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи црковно-народен собир. Црквата во Лагадин ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
Од денес, 17 ноември, се затвора за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица, информираат од ЈП Македонијапат Посочуваат дека патниот правец е затворен за сообраќај з...
Театарската претстава „Кокошка“ според Николај Кољада на Театарот Вортекс од Скопје ќе биде изведена пред охриѓани во среда, 25112026 година, на малата сала во Центарот за клутура „Григор Прличев“ ...
Во рамки на 11-то коло од ракометната Супер лига ракометарите на Охрид денес играат со ГРК Тиквеш Ќe дадеме се од себе да се покажеме во вистинско светло Одиме на два нови бода во Кавадарци, изјави...