Утре за празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид со почеток во 08:45 часот ќе биде отслужена света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Во молитвено единство и светотаинска заедница со благодарност кон Бога, да го прославиме Чесниот и Животворен Крст Христов кој е оружјето на спасението и знакот на победата над смртта, преку Кого на светот му се дарува вечен живот, велат во соопштението од Дебарско-кичевската епархија.
OhridNews










