Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 6 јуни, четврток, во манастирот „Вознесение Христово-Свети Спас“, горно Лакочереј, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос-Спасовден.
Литургијата ќе почне во 9.00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има во сите парохиски цркви.
OhridNews












