Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21-ви ноември, среда, во манастирот „Св. Наум Охридски“, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на св. архангел Михаил“.

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

OhridNews