Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 28 август, четврток, со почеток во 8.45 часот, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“ – Голема Богородица.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид (едноцрквие).
OhridNews