Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 14 октомври, недела, со почеток во 9 часот, во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица“.

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

OhridNews