Дебарско-кичевската епархија информира дека утре, со почеток во 8 часот и 45 минути, во црквата „Свети Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Атанасиј Велики“.

Со литургијата ќе чиноначалствува неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

OhridNews