Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14-ти јули, петок, во манастирот „Св. Козма и Дамјан“ село Опеница, ќе се служи вечерна богослужба и света литургија, по повод празникот Св. бесребреници Козма и Дамјан. Вечерната богослужба ќе започне во 19 часот, а литургија ќе има во 8:30 часот.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews











