Според календарот на МПЦ православните верници денеска го одбележуваат споменот посветен на Светата великомаченичка Варвара.

Кога дознал Диоскор за верата на својата ќерка, сурово ја тепал, ја протерал од кулата и ја гонел за да ја убие. Карпата се отворила и ја скрила Вравара од суровиот татко. Кога му се јавила повторно, татко ѝ ја однел пред началникот Мартијан и му ја предал за мачење. Невината Варвара ја расоблеклеи ја тепале, додека целото тело не ѝ го прекриле во рани и крв. Во затворот ѝ се јавил Самиот Господ со ангели и ја исцелил. Кога го видела тоа една жена Јулијанија и самата посакала мачеништво. Обете биле ужасно мачени и со исмевање ги воделе по градот. Им ги отсекле градите, а најпосле ги извеле на губилиште, каде што таткото самиот си ја заклал ќерката, а војниците Јулијанија. Истиот тој ден удрил гом во куќата на Диоскор и ги убил него и Мартијан.
Света Варвара пострадала во 306 година. Нејзините чудотворни мошти почиваат во Киев. Прославена во Небесното Царство, Св. Варвара многупати им се јавува на мнозина, понекогаш сама, а понекогаш со Пресвета Богородица.
Кај нас за овој празник е сочуван обичај, иако со непознато потекло, на овој ден да се вари жито (разни житарици) кое ќе се јаде следните неколку денови. Исто така денес се сее и божиќната пченица. Старите велат дека од овој празник денот започнува да расте, а ноќите стануваат пократки.
OhridNews











